Договарањето состаноци пред и после пандемијата е сосема поинакво. Додека претходно требаше да се бара празна соба за состанок, да се договори состанок во време кога сите се слободни, денес е потребно само сите во исто време да седнат пред компјутер или мобилен уред и да ја користат истата платформа.
Пандемијата ја популаризираше платформата Zoom, но со тек на време се појавија многу конкуренти како Google Meeta, Microsoft Teams и многу други алатки и платформи. Еден од проблемите кај таквите состаноци е чекањето соговорникот, односно соговорниците да се приклучат, па често е потребно да се “убие“ малку време додека почне состанокот.
Екипата од Google дојде на интересна идеја како да им помогне на луѓето во тоа чекање и претставија едноставно, но прилично “заразно“ решение – роботска игра.
Кога ќе ја отворите Meet во долниот десен агол треба да кликнете на „Активности“ и ќе се отвори листа со неколку опции, меѓу кои е и играта. Играта ќе се појави исто во долниот десен агол на екранот. Корисникот управува со робот и со допир на прст по стрелката нагоре на тастатурата прескокнува пречки. Колку подолго ја играте игрсата, толку роботот е побрз, па и прескокнувањето на пречките е потешко.
Играта може да се игра само во верзијата на Meet преку интернет пребарувач, но не и во самата апликација.