Instagram го донесе најновото ажурирање кое нуди опција за купување работи директно во самиот чет. Ова функционира за купување производи од „квалификувани мали бизниси“, кои ќе ја потврдат вашата нарачка, ќе направат барање за плаќање и ќе наплатат, сето тоа во рамките на четот.
Четот всушност не го менува својот изглед сè до моментот кога продавачот ќе поднесе барање за плаќање, кога ќе се појави прозорец кој ги прикажува основните информации за плаќање на купувачот, каде што тој ќе ги внесе податоците од својата банкарска картичка.
Meta, матичната компанија, наведува дека сака корисничкото искуство на платформата Instagram да биде што е можно подобро, а воведувањето на нова функција, која е речиси незабележлива, многу ќе го олесни купувањето работи.
Ова е само еден во низата новитети кои Instagram ни ги донесе. Неодамна платформата целосно го промени својот изглед, само неколку дена откако објавија дека ќе ги скенираат лицата на корисниците за да ја потврдат нивната возраст.
извор: kajgana.com