Пост на Фејсбук, користејќи го логото на турската компанија за производство на домашни апарати и електроника, „Беко“, споделува објава за наводна наградна игра.
На официјалната Фејсбук страна на компанијата Беко нема објава за ваква наградна игра, но има предупредување за истата дека е лажна и граѓаните да не наседнуваат.
Забележавме дека лажна страница на Беко се споделува на социјалните мрежи со најава на наградна игра најверојатно за да ги извлецхат вашите лични информации. За да превентираме зл оупотреба на лични информации, ве молиме имајте на ум дека ова е единствена официјална страница на Беко на која ние ги споделуваме сите новости и предности од светот на Беко со вас. За ваша сигурност не споделувајте лични информации со неверификувани продили. Вашиот Беко ви посакува среќа и сигурност, стои во Фејсбук објавата на официјалната страна на Беко.