Граѓаните кои ќе наместат фотоволтаици на своите кровови од куќите и станбените згради, драстично може да ги намалат трошоците за електрична енергија, вели за Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетикa. Според неговите пресметки, домаќинствата кои не се грејат на струја, а инсталираат фотоволтаици со моќност од шест киловатчасови ќе ги задоволат потребите за електрична енергија. Според пазарните цени, инвестицијата на едно домаќинство би се движела од четири до пет илјади евра.
Од ЕВН велат дека новите правила нема да се одразат негативно врз нивната работа. Според енергетската компанија укинувањето на мрежарината, односно трошокот за користење на дистрибутивна мрежа кај потрошувачи-производители оди целосно во прилог на имплементацијата на измените во Правилникот за обновливи извори.
Во моментов во Македонија од 450 до 500 домаќинства имаат поставено фотоволатици на своите кровови. Но оваа бројка беше пред измените на правилата кои велеа дека за инсталирање на фотоволтаици потребно е да се излезе на слободниот пазар на електрична енергија.