Кога пластичното шише со вода стои подолго време на високи температури се зголемува нивото на хемикалијата БПА која е поврзана со бројни здравствени проблеми – намален имунитет, проблеми со репродуктивното здравје, невролошки проблеми итн.
За време на тропските горештини, не излегуваме од дома без шише вода. Често се случува поради високите температури да се загрее шишето, односно водата во него.
Меѓутоа, дали знаете што се случува тогаш?
Бидејќи пластичните шишиња се направени од полиетилен терефталат а тој, кога се загрева, ја ослободува штетната хемикалија бисфенол А (БПА). Кога ќе се внесе бисфенол во организмот, може да биде исклучително штетен.
Колку повеќе шишето се загрева, толку повеќе штетни состојки испушта во водата. Неодамна беше спроведен експеримент кој го докажува тоа. Имено, професорката Лина Ма и нејзиниот тим научници истражувале кои хемикалии се испуштаат од пластично шише откако ќе стои на висока температура во текот на 4 недели.
Таа студија докажала дека нивото на штетен БПА се зголемува на високи температури. Затоа немојте ниту случајно да пиете вода од шише кое е со денови во автомобил или на сонце.
Бисфенолот А е поврзан со бројни здравствени проблеми – како што се намален имунитет, проблеми со репродуктивното здравје и невролошки проблеми. Дури е откриено дека оваа хемикалија го зголемува ризикот од развој на Алцхајмерова болест, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања и други.
Најдобро би било да користите стаклено шише наместо пластично.
извор: artkujna.mk