Возачите секогаш гледаат како да заштедат, па некои ги оставаат зимските гуми на возилата и во летен период. Меѓутоа, помеката смеса на зимските гуми и различниот облик на шарата на нив влијаат на трајноста на пневматиците, но и на возењето.
На високи температури зимските гуми побрзо се трошат токму поради помеката смеса која е оптимизирана за постудено време.
Во текот на жешките летни денови, за зимските гуми стабилноста на возилата е полоша, а автомобилот има подолг пат на кочење. Во зависност од температурата и истрошеноста на гумите, патот на кочење од 100 км/ч до нула може да биде подолг и од 16 метри.
Поради поразличниот дизајн на гумите нестабилноста на кривини е поголема, а поради поголемиот отпор на триење на зимските гуми придонесуваат за поголема потрошувачка на гориво.
Во главно, заменете ги на време, и немојте да ги користите во лето, советува „Revijak“.