На социјалната мрежи деновиве е актуелна слика од сметка од пекара во соседна Србија, а луѓето се шокирани од цените! Според информациите, пекарата се наоѓа на аеродромот во Белград.
На сметката може да се види дека една кроасан со виршла чини 300 динари (околу 160 денари), 250 милилитри јогурт е 250 динари (околу 140 денари), а 250 мл сок од портокал е 500 динари ( околу 260 денари).
Луѓето бурно реагираа во коментарите на оваа објава и ги споделија своите искуства со цените на аеродромите:
- Тие се непристојно скапи веќе една година и ретко купувам од нив, бидејќи ги кренаа цените до небо.
- Ова е ПЕКАРА!!!! Тоа не е некој фенси ресторан.
- Кроасан со виршла 300 динари?! Тие навистина не се нормални. Плаќаат 250 динари за килограми виршли.
- Уште поголем шок за мене е чаша јогурт 250 динари.
Ова се само дел од коментарите на граѓаните за шокантините цени во пекарата.