Kралската двојка бара некој со “вкус и дискреција“ кој ќе се грижи за нивниот Инстаграм како и другите платформи на социјалните мрежи.
Кандидатите мора да бидат креативни и да имаат „способност да ракуваат со чувствителни информации со вкус и дискреција во секое време“. Од кандидатите се бара да имаат одлично познавање за креирање содржини, вклучително и фотографии и видео снимање.Бидејќи треба да се грижат и за Youtube каналот на двојката
„Ова е возбудлива можност да се придружите на тимот за комуникација за да ја обликувате и дефинирате дигиталната стратегија на семејството“, се вели во огласот.
Иако платата не се прецизира, на слични позиции во кралското семејство се исплаќаат околу 50 илјади фунти годишно или околу 4000 фунти месечно.
Кејт и Вилијам имаат 13, 9 милиони следбеници на инстаграм, 600,000 Youtube subscribers и 2,4 милони следачи на Twitter