Има површина од 17 хектари, каде има 8.000 животни кои заедно сочинуваат 700 видови.
Зоолошката градина во Виена не само што е најстарата во светот, туку неколку пати е прогласувана и за најдобра во Европа. Шонбрун учествува во голем број меѓународни програми за одгледување зачувување и управува со програми за размножување на фиџиските игуани и скокачките пингвини на Мозли.
Покрај орангутаните и особено жирафите, успесите во размножувањето во последниве години го вклучуваат првото младенче на коала родено во Виена, младенче од поларна мечка и пет џиновски младенчиња панда, од кои близнаците мајката за прв пат одгледала сама во зоолошка градина. Во 2010 година откриен е нов вид полжав, а во 2021 година вид на рак.
Зоолошката градина во Виена е основана од императорот Франц I и неговата сопруга Марија Тереза во 1752 година како менажерија со 12 домови за животни распоредени во круг околу царскиот павилјон. Од 1996 година е дел од светското наследство на УНЕСКО. По замокот Шонбрун, тој е најпосетуваната знаменитост во Австрија и секоја година прима во просек два милиони посетители.
Зоолошката градина има повеќе од 270 вработени, вклучувајќи и речиси 100 чувари на животни. Според податоците на Виенската стопанска комора, таа секоја година придонесува во бруто домашниот производ со околу 300 милиони евра.
Како една од главните атракции на австрискиот туристички пејзаж, таа е важен фактор за деловна локација и отвора повеќе од 2.300 работни места низ Австрија, соопштија виенските власти.
извор: kajgana.com