Извештајот на Cable.co.uk се заснова на цената од 1 GB мобилни податоци. Најниска цена за мобилни податоци е Израел, чии граѓани плаќаат само 0,04 американски долари за 1 GB мобилен интернет. По Израел, на второ место се најде Италија, каде 1 GB мобилни податоци во просек чини 0,12 американски долари. Третото место му припаѓа на Сан Марино со 0,14 американски долари за 1GB, додека на Фиџи цената е 0,15 долари. Петтото место го затвора Индија, каде цената е 0,17 долари.
Извештајот открива дека ниските цени на споменатите земји може да се припишат на еден од двата фактори – одличната инфраструктура или високата употреба на мобилни податоци.
Кога станува збор за најскапиот мобилен интернет во светот, со просечна цена од 41,06 долари, островот Света Елена го има најскапиот мобилен интернет во светот. Оваа земја административно припаѓа на британската прекуморска територија Света Елена, Асенсион и Тристан да Куња. Цената на 1GB мобилен интернет на Фолкландските Острови е 35,45 долари, во државата Сент Томас и Принципе цената е 29,49 долари, во Токелау цената е 17,88 долари, додека листата на Топ 5 најскапи земји со мобилен интернет ја затвора Јемен со цена од 16,58 долари за 1GB.
Овие земји може да ги припишат високите цени на лошата инфраструктура и ниската потрошувачка.
Македонија се рангира на 66-то место со просечна цена на мобилниот интернет од 0,92 долари за 1 GB. Што се однесува до земјите од регионот, Србија е 56-та со цена од 0,76 долари, Црна Гора е 36-та со цена од 0,70 долари, Хрватска е 124-та со просечна цена од 1,84 долари, Босна и Херцеговина е на 163-то место со просечна цена од 2,82 долари за 1GB мобилни податоци, додека Словенија го зазеде 117-то место со цена од 1,62 долари.
Комплетниот извештај со список на сите земји и просечната цена на интернетот можете да најдете на ОВОЈ ЛИНК.
извор: kajgana.com