Некои апликации трошат голема количина на меморија, некои автоматски наплаќаат за услуги, собираат информации за кредитна картичка или ги споделуваат вашите информации.
Портал специјализиран за научни и високотехнолошки написи, издвои апликации кои треба да размислите да ги избришете:
Некои бесплатни игри
Тие често содржат голем број огласи, но исто така е можно да има големи шанси за кражба и продажба на лични податоци. Треба внимателно да го прочитате корисничкиот договор.
Апликации за брзо полнење
Постојат голем број на апликации кои ветуваат брзо полнење на вашиот телефон. Сепак, факт е дека ништо не може да го полни вашиот телефон побрзо од она што го дозволуваат поставките на вашиот уред.
Wi-Fi апликации
Бидете внимателни со апликациите за Wi-Fi кои тврдат дека обезбедуваат бесплатни лозинки за Wi-Fi или заштита. Откриено е дека некои од нив можат да украдат лични податоци, вклучително и информации за кредитна картичка.
Апликации за слушање музика од непознати програмери
Покрај тоа што батеријата екстремно брзо ја трошат, малку е познато дека ваквите апликации можат да го оштетат телефонот, имајќи предвид дека постои опасност да содржат вградени вируси преку кои хакерите можат да украдат лични податоци.
Апликации за следење локација
Апликациите што бараат пристап до вашата локација не само што ја трошат вашата батерија, туку можеби продаваат лични информации. Ништо без внимателно да ги прочешлате условите за користење.
Апликации со вградени прелистувачи
Вградените прелистувачи понекогаш се веќе инсталирани на уредот пред купувањето, така што тие се отвораат автоматски. Ваквите програми не гарантираат заштита на личните податоци или заштита од вируси и значително го забавуваат оперативниот систем на уредот.