Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари.
Вредносните бонови беа воведени како платежно средство во државата во 1992 година кога престанаа да важат југословенските книжни пари, а кованите пари од 1,2 и 5 денари остана да важат уште една година.
На 7 февруари 1992 година во трезорите на НБРМ беа депонирани 27.858.696 парчиња вредносни бонови. Тие беа издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици и имаа унифициран дизајн, но различна боја. На нив не го пишуваше името на новата национална валута. На предната страна, основниот мотив беше Македониумот, а на задната тутуноберачите.
Секој симбол на банкнотата ја отсликува нашата историја
Во 1993 година беше пуштена првата серија на банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари. На парите беа претставени нашите најпознати знаменитости, како што се „Свети Софија“ во Охрид, „Свети Јован Канео“, „Самоиловата тврдина“, споменикот „Илинден“ во Крушево, Даут-пашин Амам, Саат кулата на Битпазар, Поглед кон зградата на Народна Банка.
За изработката на македонските денари, биле потребни повеќе елементи – цртеж, гравура, микротекстови, мрежици, заштитни елементи кои не се гледаат со голо око, припрема за печатење…
Музејот на Народната банка се наоѓа во зградата на Народната банка на Република Северна Македонија и е отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот. Дозволени се и групни посети, со претходна најава, а влезот е бесплатен.
извор: kanal5.com.mk