![Денес сончево и многу топло - еве кога не очекува разладување](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d0/59af5d0d-resize-820x0x100.jpg)
Многу топло време со пораст на дневните температури ќе се задржи утре и во сабота. Утринските температури утре ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните од 28 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.
Од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени, информираат од УХМР.
извор: lokalno.mk