Градоначалникот на Сен Жерве воведе необичната мерка која гласи, секој што сака да се обиде да се искачи на Мон Блан мора прво да плати депозит од 15.000 евра.
Парите би ги покривале трошоците за евентуално спасување или, во најлош случај, несреќа.
Жан - Марк Пеле, градоначалникот на Сен Жерве, реши да ја преземе оваа мерка откако десетици планинари ги игнорираа предупредувањата.
Од споменатиот град, главната патека води до највисокиот врв во Европа.
Но, неодамна на ваков потфат се решија многу луѓе кои не се ниту вешти, ниту искусни, ниту опремени, а градоначалникот вели дека ги игнорирале предупредувањата и си играле „руски рулет со живот“.
Водичите од француската страна ги прекинаа своите активности долж трасата во средината на јули поради бројните лизгања на земјиштето, а локалните власти апелираа до планинарите да избегнуваат искачување. Интензивниот топлотен бран само ги влоши условите.
Тој наведе пример со петмина романски туристи кои се обиделе да се искачат „во шорцеви, тренерки и со сламена капа“, а кои планинската полиција морала да ги врати назад.