Денеска и кај нас многу млади луѓе решаваат да живеат самостојно, надвор од родителскиот дом, пред да формираат семејство, а тоа да не биде студентски живот. Без разлика дали барате стан во кој ќе живеете сами, со цимери, партнер/партнерка или вашето семејство, овие совети ќе ве потсетат на што треба да обрнете внимание кога барате стан под наем.
Разгласете дека барате стан
Дел од становите никогаш не се поставени на оглас. Разгласете на своите пријатели, роднини, колеги дека барате стан. Тоа е најлесно да го направите преку Facebook и Instagram.
Делувајте веднаш
Доколку се појави стан кој ви се допаѓа, договорете средба со агентот за недвижнини што е можно побргу. Имајте подготвено пари за првата кирија. Доколку ви се допадне станот, понудете да потпишете договор и да ја платите киријата. Имајте позитивен пристап со изнајмувачот, за да оставите добар впечаток.
Истражете ја населбата
Откако ќе излезете од станот кој ви се допаѓа, прошетајте по населбата и обврнете внимание на околината. Проверете дали во околината има маркети, автобуска станица и други работи кои се неопходни за нормално живеење.
Проверете ја состојбата на станот пред да го изнајмите
Дали каучот е удобен? Дали мебелот е стар? Дали низ станот се шири некоја непријатна реа? Дали елементите во бањата се функционални?
Поставете ги сите важни прашања
Кои ќе бидат вашите први соседи? Дали се премногу гласни? Дали има куќен совет? Дали домарот е достапен во секое време? На кој начин ќе ја плаќате киријата?
Потпишете договор
Договорот ве штити вас и оној кој ви го изнајмува станот. Побарајте договор, за да не бидете оставени на цедило, на пример изнајмувачот да ви каже дека итно мора да се иселите или некоја друга непријатна ситуација.
извор: kajgana.com