
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи сподели видео од тест возењето на локалниот електричен автомобил Togg.
Тој, на 6 август го посети полигонот во провинцијата Коџаели, каде седна зад воланот на прототипот на турскиот електричен автомобил.
Сериското производство ќе започне од крајот на оваа година, а првите сериски електрични автомобили од сегментот SUV (C) ќе се појават на пазарот веќе во првиот квартал на 2023 година. Потоа следува производството на седан (C) и хечбек електрични автомобили (C).
До 2030 година се планира производството на турски електрични автомобили да достигне 1 милион единици годишно.