Дали некогаш сте се запрашале на какви температури се подложни пожарникарите додека ги гасат пламените јазици или пак кои строги правила важат за нивната професија?
Издвојуваме неколку интересни факти за пожарникарите:
Нивните костими издржуваат температури и до 1.200 Целзиусови степени
Тие се направени од специјални материјали, плус ги штитат пожарникарите од концентрираните киселини на местото на пожарот.
Не смеат да носат мустаќи и пирсови
Пожарникарите носат безбедносни маски, па затоа потребно е лицето да им е чисто за максимална безбедност.
Во зграда што гори не можат да видат, ниту да чујат ништо
На филмовите пожарникарите лесно се движат низ зградите во пламен и им помагаат на жртвите со тоа што својата маска им ја даваат на жртвите, но во реалноста тие не смеат да ја вадат маската за да не се загушат, плус густиот чад и гласното пламтење и пукање на работите прави да се движат многу тешко и да не слушаат ако некој довикува за помош.
Опремата на пожарникарите тежи од 5 до 30 килограми
Ова зависи од материјалот од кој е направен костимот, плус дополнителната опрема што ја носат. Во секој случај, пожарникарите мора да бидат во одлична физичка форма.
Жените работеле подеднакво како мажите пожарникари од 1800-тите
Моли Вилијамс е првата жена во светот што се борела со огнот рамо до рамо со мажите.
Помагаат во секоја ситуација
Пожарникарите се хумани луѓе, па понекогаш помагаат и при поплави, земјотреси, терористички напади, а понекогаш дури и при обично заглавување во лифт.
Спасуваат животни кога за нив речиси нема надеж
Заглавено маче или куче, пожарникарите се тука за да помогнат.
Смените понекогаш им траат навистина долго
За време на пожарите тие понекогаш се на терен многу подолго од вообичаено.
Секогаш го закачуваат костимот на место на кое би можеле да го земат веднаш
Тие во случај на пожар мора да скокнат и за неколку секунди да бидат во костим и чизми.
Куќите со отворен концепт, што се речиси без ѕидови и врати горат најбрзо
Порано куќите имале многу соби, но денес повеќе се гради со отворен концепт и со тоа пожарот побрзо се шири.
Има многу пожарникари волонтери
Во некои земји каде што владата нема доволно финансии да плаќа голем тим пожарникари, како Чиле на пример, постојат волонтерски групи, кои добиваат специјална обука и одат на местото на настанот со своја желба.
Пожарникарската работа не е само професија, туку вистинска страст
Многу деца сакаат да го спасат светот и да бидат херои и токму тие еден ден стануваат пожарникари – реални херои, кои секој ден го ризикуваат својот живот.
извор: crnobelo.com