Запре растот на цената на нафтата.
Фјучерсите на европската сурова нафта брент се намалија за 23 центи, или 0,2 отсто, на 96,08 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI поевтини за 28 центи, или 0,3 отсто, на 90,22 долари за барел, пренесува Ројтерс.
Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа залихите на сурова нафта да пораснат за најмалку 100.000 барели.
Цените денеска се намалија откако податоците од американската нафтена индустрија покажаа неочекуван пораст на залихите минатата недела. Тоа укажува на потенцијално намалување на побарувачката за гориво во САД, но загриженоста за глобалната понуда го спречи надолниот тренд на цените на „црното злато“.