Вашата комфорна, иако очигледно е удобна и пријатна, може да биде ограничувачка. Поранешниот извршен директор на една од најголемите банки во светот препорачува да ја напуштите.
„Морате да ги извадите луѓето од нивната комфорна зона. Така продолжувате да растете, да напредувате“, рече Бил Харисон, кој раководеше со JPMorgan Chase од нејзиниот почеток во 2000 до 2006 година.
Често можете да научите од влегувањето во нови средини, улоги или можности – потенцијално поттикнувајќи го вашиот личен раст и поставувајќи ве на пат кон успехот, рече Харисон. Пред да дојде на врвот на една од најголемите банки во земјата, неговата кариера во континуитет била обележана со колосални промени во кои тој лично не секогаш уживал, додава тој, но тие му помогнале да постигне успех.
Харисон рече дека една конкретна промена најмногу ја забрзала неговата кариера. Во средината на 1980-тите, тој ја доби својата прва менаџерска работа, надгледувајќи тим од 13 луѓе во регионалната канцеларија на Chemical Bank во Сан Франциско.
По три години, банката побарала од него да се пресели во Лондон за да го води својот бизнис во Европа. Тој би надгледувал 1.300 луѓе.
Отпрвин, Харисон не бил љубител на идејата: „Не сакам да одам во Лондон. Мислам, среќен сум во Сан Франциско… Ми беше многу удобно да останам во мојата комфорна зона. Јас бев еден од луѓето кои не сакаа да се движат толку брзо“.
На крајот, Харисон подлегнал на притисокот и ги спакувал куферите. Промената не беше лесна, рече тој: мораше да се бори со нефункционалниот извршен одбор и осудата од неговите колеги дека млад Американец го води бизнисот во Обединетото Кралство.
Но, тој стекна богато знаење работејќи во таа непозната и тешка средина.
„Тоа искуство веројатно ме научи повеќе од се што сум направил“, рече тој.
Во 1991 година, само неколку години откако го напушти Лондон за да го предводи корпоративниот оддел на Chemical Bank во САД, тој помогна да се спојат неговата банка и Manufacturers Hanover – првиот од трите зделки кои на крајот го создадоа JPMorgan Chase во 2000 година. Тој се пензионираше во 2006 година по речиси четири децении во банкарската индустрија.
Во текот на кариерата, неколку пати ми беше даден избор помеѓу излегување од зоната на удобност и останување во познатото, истакна Харисон. Речиси секогаш избирав да зачекорам напред „во новото и непознатото“, додаде тој и никогаш не зажали вза тоа.
Гледам назад и велам: „Да не го направев тоа, ќе пропуштев неверојатно искуство“, рече Харисон.