Директорот на една компанија се расплакал бидејќи морал да отпушти работници поради својата грешка, а сето тоа го објавил на деловна социјална мрежа.
На деловната социјална мрежа LinkedIn се појави објава која изненади многумина, па луѓето почнаа масовно да ја споделуваат на социјалната мрежа Твитер. На сликата се гледа расплакан човек и неговото шокантно признание, а излегува дека овој човек е директор на компанијата и дека плачел затоа што морал да отпушти луѓе поради својата грешка. Описот на постот гласи:
„Дојдовме до точка кога извршните директори објавуваат на LinkedIn, внимавајте, шокантни признанија за грешките кои довеле до отпуштање работници. Само за оние со најсилен стомак. Слики на кои плачат затоа што отпуштаат работници. Личноста на сликата сè уште е директор.
Инаку, директорот на компанијата, на сликата каде плаче напиша:
„Ова ќе биде најранливата работа што некогаш ќе ја споделам. Размислував дали да го објавам или не. Моравме да отпуштиме неколку наши вработени. Видов многу отпуштања во последните неколку недели на Linkedin. Повеќето од нив беа поради економијата или која и да е друга причина. А која е нашата причина? Тоа е моја грешка.“