По речиси 22 години, Индиец добил судски спор за билет за воз преплатен за 25 центи, јавува Би-Би-Си.
На адвокатот Тунгнат Чатурведи му биле наплатени дополнителни 20 рупии (0,25 американски долари) за два билети во Утар Прадеш во 1999 година. Минатата недела Трибуналот за потрошувачки спорови пресудил во корист на Чатурведи и побарал од железничката компанија да му ги врати парите со камата.
„Бев на повеќе од 100 рочишта поврзани со тој случај. Но, нема цена за изгубеното време и енергијата што ја вложив во овој случај“, рече 66-годишниот Чатурведи.
Потрошувачките судови во Индија се преоптоварени и судските спорови можат да траат со години. Чатурведи, кој живее во Утар Прадеш, патувал од Матура до Морадабад кога контролорот за билети му наплатил 90 рупии за два билети наместо 70.
извор: kanal5.com.mk