
Францускиот нуркач Арно Жералд поставил светски рекорд во длабочинско нуркање со пераи, нурнувајќи на длабочина од 120 метри.
За да го собори рекордот, на Арно Жералд му биле потребни 3 минути и 34 секунди.
Ова било седми пат Французинот да постави светски рекорд и втор пат оваа недела.
26-годишниот Жаралд моментално се натпреварува во "Vertical Blue", годишно натпреварување кое се одржува на Бахамите.