Во Данска е формирана нова политичка партија – Синтетичка партија, чија политика е целосно водена од вештачката интелигенција.
Партијата има намера да учествува на претстојните општи избори во 2023 година. За тоа им требаат 20.182 потписи, но моментално имаат незначителен број потписи.
Партијата беше лансирана во мај од уметничкиот колектив Computer Lars, со цел да се допре до приближно 15 проценти од Данците кои не го искористија своето право на глас на претходните избори во 2019 година.
Тие сметаат дека овие Данци не гласале затоа што не им се допаѓа ниту една традиционална партија и дека програмата што ја нуди вештачката интелигенција е вистински хит.
Синтетичката партија има програма за која верува дека ги претставува политичките визии на обичниот човек. Меѓу предлозите на партијата е и воведувањето на универзален основен приход од 100.000 круни, што е повеќе од двојно од сегашната просечна плата во Данска. Тие исто така предлагаат да им се дозволи на луѓето и алгоритмите да коегзистираат подиректно од порано.
извор: usb.mk