Данскиот бренд на играчки LEGO оваа година го слави својот 90. роденден од основањето на 10 август 1932 година. По тој повод, брендот ја отвори и својата досега најголема продавница во светот, на плоштадот Лестер во Лондон.
После долга и обемна реновација, продавницата доби дополнителни 300 квадратни метри, доведувајќи го својот вкупен простор до 805 квадратни метри.
Во продавницата, посетителите ќе имаат можност да ја следат неверојатната тродимензионална LEGO конструкција која ги раскажува “Приказните на Британија”. Фановите ќе можат да се сликаат со Вилијам Шекспир и Шерлок Холмс, да се качат во иконичен црвен лондонски автобус, па дури и да се најдат во седиштето на познатиот Астон Мартин ДБ5 на Џејмс Бонд.
Продавницата ќе нуди ексклузивни искуства кои не постојат никаде во светот, со надеж да го извлечат внатрешното дете од секој посетител. Едно од искуствата вклучува персонализирано студио каде фановите ќе можат да се замислат себе во LEGO форма.
Дополнително, во продавницата постои и интерактивна зона каде посетителите ќе можат да “прошетаат” низ историјата на LEGO и како компанијата стана најпрепознатливиот бренд за играчки во светот.
Сосем разбирливо, во најголемата LEGO продавница во светот ќе го има и најголемиот избор на LEGO комплети кои ќе можат да се купат, вклучувајќи и некои кои ги нема никаде на друго место.
извор: inovativnost.mk