Ќе се сложиме, ова навистина звучи како идеална летна работа, зарем не?
Има ли нешто подобро од тоа да седите и да уживате во летното попладне со чаша квалитетно вино во рака?
А што ако за тоа добиете и плата?
Ако овој опис на работната позиција ве привлече, ја имаме идеалната летна работа за вас.
Британскиот производител на вино Majestic бара кандидат кој ќе учествува во нивната „vinternship“ пракса - што вклучува патување во Португалија со цел дегустација на вкусни вина, директно во винаријата на производителот.
Освен што летот и сместувањето ќе му бидат платени, избраниот кандидат ќе добие 600 фунти за неговиот тридневен ангажман – а да напоменеме, ќе има можност да проба одлични вина во процесот на производство.
Кандидатот кој ќе биде избран ќе може да донесе и пријател за да го сподели искуството.
Работните обврски вклучуваат обиколка на лозјето со коњ и кочија, посета на винарската визба и просторијата со буриња пред да пробате голем избор на вина и маслинки од пет региони низ Португалија: Алгарве, Алентехо, Лисабоа, Дуро и Вињо Вердес.
Двајцата посетители, исто така, ќе бидат почестени со богат ручек.
Ќе се сложиме, ова навистина звучи како идеална летна работа, зарем не?