Цените на петнаесетте најпопуларни електрични автомобили во Германија се зголемени за 14,5 отсто во август 2022 година во однос на претходната година
Просечното зголемување на цената на електричните автомобили е 5385 евра.
Ова е резултат на пазарната студија на Центарот за истражување на автомобили (CAR) објавена од „Handelsblatt“. „Tesla Model 3“ поскапе за 7.000 евра, основната верзија сега чини 49.900 евра. „Ford“ ја зголеми основната цена за „Ford Mustang Mach-E“ за 9.000 евра на 56.500 евра. „Audi“ и „Porsche“ исто така ги зголемија цените.
Експертите предвидуваат дека цените на електричните автомобили ќе продолжат да растат, најмногу поради поскапувањето на суровините потребни за производство на батерии, пишува магазинот Ревија ХАК.
Новата регулатива на германската влада, која вклучува ограничување на стимулации за електромобилност, само ја зголемува загриженоста за иднината на електромобилноста. Имено, никој нема да плати 35.000 евра за мал автомобил на батерии како „Renault Zoe“.
Од 2016 до 2021 година државата потрошила околу 4,6 милијарди евра за промовирање на електромобилноста.