На скараџискиот фестивал „Роштилијада“ во Лесковац, Србија, е направена плескавица тешка 67 килограми и 200 грама. Со тоа е поставен нов рекорд за најголема плескавица во светот, што е за 200 грама повеќе од ланскиот специјалитет.

Дијаметарот на плескавицата по печењето бил 171 сантиметар, а дебелината – 2,4 сантиметар.
Мајстори на новиот рекорд се Предраг Лазаревиќ, Ивица Здравковиќ, Љубиша Ѓорѓевиќ и Драган Цветковиќ од ресторанот „Колиба“ во Лесковац. Оваа екипа шести пат по ред поставува ваков рекорд на „Роштилијадата“.