Субвенции за граѓаните во Франција кои ќе ги заменат автомобилите на конвенционален погон со електрични велосипеди. Владата нуди до 4.000 евра за секој граѓанин кој ќе се откаже од транспортно средство што загадува и ќе избере почиста и поеколошка алтернатива.
За оние кои живеат во домаќинства со ниски приходи во урбаните зони со ниски емисии и кои се откажуваат од своите автомобили, достапна е субвенција од 4.000 евра за купување електричен велосипед. Субвенции има и за граѓаните со повисоки примања кои ќе одберат еколошко превозно средство но износот ќе биде помал.
Француската влада има стратегија до 2024 година, 9% од граѓаните во земјата да премине на велосипеди, додека само 3% од земјата ги користи сега. Додека тој процент во Холандија, Германија и Данска е 27%.
Политиката на Франција се заснова на моделот на програма во Литванија во која граѓаните имаат право на субвенција до 1.000 евра за купување нов електричен велосипед, скутер, мопед, мотоцикл или дури и кредит за јавен превоз во замена за нивното старо возило.
Францусата владата вети дека ќе инвестира 250 милиони евра за да го направи градот Париз вело пријателски настроен. Градоначалничката Ен Идалго беше реизборана на изборите минатата година и вети 130 километри нови велосипедски патеки во следните пет години.