Зголемувањето на цените често е на ниво на износот за кој до неодамна можеше да се купи солидна користена кола.
8.520 евра, 6.430 евра, 2.600 евра: ова не се цени на половни автомобили, туку поскапувања за најпопуларните електрични автомобили во Германија, Tesla Model 3, Fiat 500e и Volkswagen ID.3. И тоа не е најлошото, бидејќи Ford Mustang Mach-E поскапел за неверојатни 9.000 евра за само една година.
Ова се податоците на Центарот за истражување на автомобилската индустрија (CAR) кои го потврдуваат драстичното зголемување на цените на германскиот пазар. Прегледот на 15-те најпопуларни електрични автомобили открива неверојатна бројка - автомобилите поскапеле во просек за 14,5 отсто или 5385 евра.
Во исто време, поскапувањето влијаело на сѐ, од нискобуџетните брендови до премиум како Audi. Поскапеа и „Фосилите“, но сепак нешто помалку. Просечното зголемување на цената на моделите со погон на фосилни горива е 12,5% или 3530 евра.
Како што објави германски Handelsblatt, само производството на батерии ќе скокне за 22 отсто во наредните години поради зголемувањето на цените на суровините. А пред неколку години се предвидуваше драстичен пад на цените и зголемување на конкурентноста на електричните погони.
Од CAR сметаат дека поради зголемувањето на трошоците за набавка на суровини, разликата во цените уште повеќе ќе се зголеми. Пред сѐ поради повисоките трошоци за набавка на полупроводници и суровини, кои се попотребни за електричните возила. И сето тоа може да ја забави електрификацијата.