Според истражувањето на Boston Consulting Group (BCG) за естимирање на одржлив економски развој за 2018. година Македонија се наоѓа на 66. место од вкупно 152 држави што ја позиционира во групата на земји со средно високо ниво на благосостојба
SEDA (Sustainable Economic Development Assessment) е алатка којашто BCG ја лансираше во 2012. година, а истата служи за да овозможи увид во релативната благосостојба на граѓаните на одредени земји и успешноста на државата да го претвори националното богатството во општествена благосостојба
Македонија, како што стои во извештајот на BCG, има 52.5 бодови со што на SEDA листата е сместена позади добар дел од земјите кои во 90-те години од минатиот век се трансформираа во пазарни економии меѓу кои се наоѓаат: Србија, Романија, Бугарија, Хрватска и Словачка.
Од сите вредности, односно димензии кои се вреднуваат во SEDA скорот, нашата земја доби највисока оценка од економска стабилност (89.3), додека пак најниска оценка на Македонија и е доделена за висината на доходот (19.4).
Понатаму, од повисоките оценки се издвојуваат 80 поени за здравство, 68.7 поени за еднаквост и 60 поени за инфраструктура.
За ставките како што се граѓанско општество (59.7), управување со јавните добра (50.8), вработеност (48.7) и образование (46.9) нашата земја има добиено средни оценки.
Покрај висината на доходот, ниска оценка има и ставката животна средина (31.2).
Бруто националниот доход по глава на жител во Македонија според истражувањето на BCG изнесува 4.980 долари.
Од земјите на поранешна Југославија, највисоко е рангирана Словенија на 21. место, па потоа следат Хрватска на 40. место, Србија на 61. место и Босна и Херцеговина на 75. место.
Во светски рамки, на првото место се наоѓа Норвешка со оценка 85.3, додека пак на последното 152. место се најде Централноафриканска Република (16.1).