Климата е вообичаена ставка во скоро сите автомобили овие денови, но има многу постари автомобили на патиштата кои немаат клима.
Со температурите кои се приближуваат до 40°C, дури и спуштениот прозорец веројатно нема да биде од голема корист во обидот да се изладите во автомобилот.
Неопходна е клима во автомобилот
Властите во Велика Британија ги потсетуваат возачите на правилото 237 од Законот за патен сообраќај, кој вели дека возилото мора да биде добро климатизирано и проветрено за да се избегне поспаност при возење.
Тие ги повикуваат возачите да запомнат дека возењето на многу високи температури го отежнува управувањето со возило и може да предизвика сообраќајна несреќа, па затоа се заканува и казна до 6.000 евра за непочитување на правилата за климатизација.
„Иако многу луѓе не се свесни за овие сообраќајни правила, важно е да се знаат законите, не само за да се избегне парична казна, туку и да се чуваат сите безбедни додека возат“.
Живата привремено покажа 40,2 степени Целзиусови на аеродромот Хитроу, соопшти метеоролошката агенција на земјата.
Аеродром во беше принуден да ги прекине летовите откако дел од пистата едноставно се стопи.
Стотици полетувања на возови беа откажани, а луѓето беа предупредени да избегнуваат јавен превоз, да останат хидрирани и да се разладат колку што е можно повеќе.
Сепак, екстремните температури се особено шокантни за Велика Британија, каде ниту луѓето, ниту инфраструктурата не се подготвени за таква топлина. Се смета дека само околу пет отсто од британските домови имаат климатизација.
Научниците велат дека топлотните бранови станале почести, поинтензивни и подолготрајни, што е особено видливо ова лето.
Со оглед на „големиот пораст на пожарите низ главниот град“, градоначалникот на Лондон Садик Кан ги замоли жителите и посетителите да бидат повнимателни со скарите, цигарите, додека пожарникарите се борат со пожарите.