Една од најголемите платформи за трговија со криптовалути "Crypto.com" по грешка и префрлила 10,5 милиони долари на Теваманогари Манивал од Мелбурн, која од нив барала рефундација од 100 долари.
За целата ситуација да биде почудна, потребни биле цели седум месеци да се забележи грешката, пишува "7News".
Компанијата "Crypto.com" потоа започнала спор пред Врховниот суд на Австралија против двете сестри да им ги вратат парите.
Пред судот било кажано дека во полето за исплата по грешка бил внесена сумата од 10,5 милиони долари.
Грешката се случила во мај минатата година, а била откриена дури кога била спроведена ревизија кон крајот на декември.
Кога компанијата се обидела да ја исправи грешката, парите на сметката биле префрлени и искористени за купување на повеќемилионски куќи.
Меѓутоа, судијата сега наредил недвижнините да се продадат, а остатокот од парите да се вратат.