Постојат хотелски правила кои не треба да ги прекршите при престој, a едно од правилата е – што смеете, а што не смеете да си земете од хотелската соба.
Овие правила треба да се почитуваат, бидејќи секое непочитување се казнува со наплаќање (многу повисоко од реалната вредност на земениот предмет), ставање на “црна листа” на хотелот за ваша наредна резервација, а дури има и случаи каде гости на хотел биле уапсени заради украдена бањарка и пепелник.
Што смеете да земете од хотелска соба:
- Сапун, шампон, регенератор за коса, гел за туширање (ако се спакувани во мини паковања, а не се закачени на ѕид во големи дозерки кои се надополнуваат)
- Комплет за една употреба – четка и паста за заби, сет за бричење, чешел, капа за туширање, стапчиња за уши, тоалетна хартија.
- Мини сет за шиење, кеса за хемиско чистење
- Папучи
- Кафе/чај кесички, шеќерчиња
- Пенкало и тефтер
- Дневни весници
- Подарок од хотелот (најчесто е шише пијалок)
Сите овие предмети најчесто се брендирани со името на хотелот, па со нивно земање му правите и реклама.
Што НЕ смеете да земете од хотелска соба:
- Пешкири, бањарки
- Постелнина
- Електронски апарати (и далечинските управувачи за истите)
- Мебел и уметнички слики
- Закачалки
- Пепелник
- Стаклени чаши и филџани за кафе/чај, вазна и останати украси.
Некој од незнаење, а некој намерно зема дел од недозволените предмети од хотелските соби, па се надеваме дека оваа информација ќе ви биде од корист за ваш нареден престој во хотел, бидејќи сигурно би сакале да избегнете некоја од наведените непријатности. А, при секоја посета на дестинација водете се според непишаното правило – “Понесете само спомени, а оставете само стапалки.”
извор: patokolusvetot.mk