Некои ќе речат дека се работи за предрасуди, но каде што има чад има и оган. Барем така можеме да заклучиме ако го погледнеме познатото Гаокао - приемниот испит што младите жители на Кина го полагаат при запишување на факултети.
Гаокао се смета за еден од најтешките испити во светот, а се одржува два или три дена и трае вкупно околу девет часа. Учесниците можат да изберат на кој јазик сакаат да го полагаат, а иако се нудат кинески, француски, јапонски, руски, германски и шпански, повеќето од нив избираат англиски. Исто така, тие можат да избираат помеѓу испит кој е ориентиран кон природни или општествени науки.
Имајќи предвид дека милиони млади луѓе полагаат секоја година, кинеските медиуми оваа сцена ја опишаа како „илјадници војници со десетици илјади коњи поминуваат по мал мост“. Притисокот е голем, па со години се зборува за проблемот со самоубиствата кај младите кои не успеваат да го положат испитот.
Родителите понекогаш ги напуштаат своите работни места со цел да ги поддржуваат и да им помогнат на децата во тој период, а не е невообичаена практика да плаќаат т.н. гаокао дадилка. Јавноста беше шокирана од случајот во 2007 година кога семејството два месеци ја криело смртта на таткото на девојчето за да не и предизвика стрес пред испитот, а истата година и фотографија од девојка која доцнела 4 минути за испитот и со солзи ги молеше обезбедувањето на колена да ја пуштат.
Од друга страна, откако е укината старосната граница за полагање на тестот, зголемен е и бројот на постари ентузијасти кои полагаат гаокао, па така еден дедо кој по 14-ти пат полагал во 2014 година и 49-годишен човек од Сечуан кој по 20-ти пат аплицираше за да влезе во колеџот од соништата.
На денот на полагањето сообраќајот е пренасочен низ градовите каде што се одржува испитот. Волонтерите и полицијата помагаат во регулирањето на сообраќајот, а илјадници таксисти ги нудат своите услуги бесплатно на идните студенти на кои им е потребен превоз. Досега, бројни славни личности даваа поддршка за младите надежи, како што се Стивен Хокинг и Џим Парсонс, попознат како Шелдон од серијата Big Bang Theory.
Што го прави овој тест толку тежок?
Од една страна има есејски прашања од типот на: „Некои кутии млеко се квадратни, а некои се тркалезни. Минералната вода секогаш доаѓа во тркалезни шишиња. Виното во тркалезни шишиња често доаѓа во квадратни кутии. Напишете есеј за суптилната филозофија на квадратот и кругот“. А од друга страна, има и такви математички: „Да претпоставиме дека {an} задоволува |an-a(n+1)/2|≤1,n∈N+, а потоа докаже дека|an|≥2^( n -1)(|a1|-2)(n∈N*), и ако |an|≤(3/2)^n,n∈N*, тоа |an|≤2,n∈N*" .
Весело, нели? Само 60 проценти од студентите влегуваат на факултет врз основа на резултатите од гакао, а помалку од 1% од нив влегуваат во еден од најдобрите 5 колеџи во земјата.
Во последните десет години е забележан пад на бројот на студенти кои го полагаат овој испит. Делумно, ова е одраз на намалувањето на населението, но во најголем дел, причината лежи во фактот што денес младите кинези се запишуваат на колеџи надвор од земјата, па затоа многумина - особено од урбаните средини - одлучуваат да студираат во странство. . А веројатно има и такви кои ги погледнале овие прашања и одлучиле дека има и други занимања во животот.