![Променливо облачно и ветровито време](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/37/da822073-resize-820x0x100.jpg)
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален дожд, претежно во југоисточните делови, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје во утринските часови променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура.
извор: opserver.mk