На листата на најскапи сирења во светот на онлајн магазинот „Chef's Pencil“ се најде и сирењето произведено од Слободан Симиќ во природниот резерват Засавица, кој се наоѓа северно од Белград.
Со оглед на тоа што овие животни даваат многу малку млеко (околу 2 dl дневно) кое не содржи многу казеин, процесот на правење сирење е многу комплициран.
За еден килограм сирење се потребни околу 25 литри магарешко млеко, а се се прави рачно. Годишно се произведуваат околу 100 килограми сирење.
Магарешкото млеко има само еден процент млечни масти, содржи 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото млеко и има антиалергиски својства.
Млекото од магаре се користи и како лек за бронхитис и астма и разни други нарушувања на здравјето на телото. Освен по цената и составот, сирењето од Засавица е посебно и по финиот вкус, а се продава во пакувања од 50 грама.
На листата на Chef's Pencil, по сирењето од магарешко млеко следува еловото сирење произведено во Шведска, а потоа Стилтон со златни листови за јадење.
извор: kanal5.com.mk