Дваесет и тригодишната девојка во јануари беше уапсена во текот на натпревар меѓу Транмир Роверс и Форест Грин, кој заврши со резултат од 0:4. Кога Форест Грин го постигна третиот гол, незадоволната Риеј фрли факел и за малку ќе направеше поголем скандал.
Факелот падна непосредно покрај судијата Ли Свабеј, но за среќа не дојде до повреда. Навивачката беше веднаш уапсена.
Полицијата подоцна ја ослободи, а потоа Англичанката објави фотографија од натпреварот заедно со нејзината девојка Либи Кејс.
„Пред сѐ да тргне на лошо. Само се надевам дека нема да ми забранат да присуствувам на натпревари“, напиша Аби-Ли, но изгледа дека желбата нема да ѝ се исполни.
Се одржа сослушување во судот во Сефтон по што беше отрфлена нејзината одбрана во која се наведува дека го фрлила факелот во паника откако паднал во нејзина непосредна близина. Но, снимката од камерите поставени на стадионот го кажуваат спротивното.
Така, таа ќе стане првата жена на која доживотно ќе ѝ биде забрането присуство на натпревари. Претходно, многу хулигани и навивачи ја добија оваа забрана, но ова ќе биде првиот случај кога станува збор за жена.
извор: kajgana.com