Иако вашето хранење, како и на вашето семејство е неопходен трошок, не пречи да барате начини да заштедите пари кога ја полните вашата количка во маркетите. Подолу се наброени неколку ефективни трикови за заштеда на пари, од вработени што ги знаат сите тајни на продавниците:
Погледнете ја цената по грам
Иако можеби ќе ви треба лупа или да се приближите до полицата за да ја најдете цената по единица. Луис Корвера, виш асистент-менаџер во продавницата „Смарт енд фајнл“, вели дека тоа може да ви помогне подобро да ја разберете вредноста на производот. Понекогаш најниската цена не е најдобрата понуда, затоа погледнете ја тежината на пакувањето, бидејќи така ќе заштедите пари.
Купувајте замрзнати пекарски производи
Ако не сте премногу пребирливи кога е во прашање внесувањето шеќер доцна во ноќта, можеби ќе сакате да се оттргнете од делот за пекарница или замрзната храна. Како што истакнува еден корисник на Редит и поранешен вработен во „Костко“, замрзнатите колачиња, леб, печиво и други производи се значително поевтини од свежите сорти на истата компанија.
Вкусете пред да одлучите да купите
Повеќето продавници ќе го почитуваат вашето барање да го вкусите производот, за да не треба да ја фрлате храната, а ни вашите пари. Без разлика каде купувате, на одделот за готова храна, сувомесни производи или пекарницата размислете да ги прашате дали имаат отворени садови со производите што сакате да ги купите. Големи се шансите дека ќе ви дадат залак да пробате ако имаат.
Не паѓајте на попусти
Џеф Кембел, кој е менаџер на „Хоул фудс маркет“ повеќе од две децении, вели дека иако може да изгледа контрапродуктивно, подобро е да се држите до списокот на намирници отколку да бидете искушувани од налепници за распродажба. Продавниците за храна често обрнуваат внимание на производите што не се продаваат. Ова има смисла бидејќи тие не сакаат да ја изгубат својата инвестиција. Понекогаш тоа функционира во ваша корист; можеби ќе откриете нешто ново што ќе ви допадне. Но почесто тоа само ќе собира прав или мувла во вашата кујна.
Обрнете внимание на распродажбата на намирниците што често ги купувате
Поголемиот дел од времето, купувачите претпоставуваат дека тоа е завршена работа откако ќе купат некоја намирница во продавница и ќе ја однесат дома. Изненадувачки, за многу продавници тоа не е точно. Всушност, поранешен менаџер во „Костко“ сподели дека ако производот излезе на распродажба помалку од 30 дена откако веќе сте го купиле, тие ќе ви ја дадат разликата во пари – без прашања.
Ако нешто не ви се допаѓа, вратете го
Понекогаш импулсивно купувате некоја намирница само за побрзо да дојдете дома и тоа не е добро за вас. Може да се случи вакво нешто, но тоа не значи дека треба да ги трпите финансиските последици. Портпаролот на „Трејдер Џо“ изјави за „Њујорк тајм“ дека ако купувачот не е задоволен од некој производ, секогаш може да го врати и да ја добие целосната сума назад. Многу продавници за мешана стока имаат слични политики.
Одредете го денот за распродажба во вашата локална продавница
Следниот пат кога ќе одите во вашата локална продавница или маркет, прашајте ги во кој ден од неделата започнуваат и завршуваат нивните специјални понуди. Секоја продавница ќе биде различна во овој поглед, па штом ќе ги откриете деновите, можете да го темпирате купувањето и кога ќе заштедите најмногу.
Купете го целото пакување
Иако ова се разликува по локација, поранешен вработен во „Хоул фудс“ забележува дека може да се договорите со купување на големо, дури и ако не сте во продавница за продажба на големо. Да речеме дека уживате во неколку газирани води секој ден како пауза од обичната вода. Наместо пакување од 12, земете го целиот картон. Можете да заштедите до 10 отсто.
Купувајте месо во вторник
Месото на попуст не значи дека е со послаб квалитет, туку дека има пократок рок на траење и треба да се консумира што побрзо. Кембел вели дека повеќето маркети со голем метеж ќе го стават на намаление своето месо по викендот. Тие знаат дека понеделник и вторник ќе имаат помалку метеж, што го прави почетокот на неделата попаметно време за наоѓање вкусни протеини, но ќе платите помалку за нив.
Одете на шопинг рано наутро
Еден од триковите за најдобро да разберете како да ги намалите трошоците е да размислите за секојдневниот живот на вработените. Бидејќи рано наутро во продавниците има помалку луѓе, тогаш вработените ќе имаат време да го обиколат продажното место, да го прегледаат пописот и да утврдат на кои намирници им истекува рокот на траење. Ако се случи да бидете наоколу во првите неколку часа од отворањето, ќе бидете меѓу првите што ќе можат да ги купат овие работи.
извор: novamakedonija.com.mk