Вкупно 55 судии и обвинители доброволци се одведени во затвор во Брисел за да го искусат животот на затворениците на два дена, соопшти белгиското Министерство за правда.
Судиите и обвинителите се сместени во новиот затвор Харен, со капацитет од 1.190 затвореници, кој треба да биде отворен на 30 септември. Тие се бидат третирани како вистински затвореници.
„Претставниците на правосудните органи многу добро знаат како стојат работите во затворот, но нивното лично искуство им дава единствена можност што може да им помогне во изрекувањето на казната, бидејќи ќе имаат подобро знаење“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.
Тие за време на престојот во затворот ќе мора да ги почитуваат наредбите на персоналот. Не можат да користат мобилни телефони, ниту им се дозволени посети.
Исто така јадат затворска храна и извршуваат секојдневни активности на затворениците, како што се работа во кујна или перална, и си легнуваат во 22 часот кога ќе се изгаснат светлата.
извор: press24.mk