Вчера напладне беше одржан државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, британскиот монарх кој беше на тронот 70 години.
Нејзиниот ковчег во последните неколку дена беше во Вестминстерската сала, каде илјадници луѓе чекаа со часови за да ѝ оддадат почит на својата кралица. Трошоците за погребот на кралицата секако не се мали и ќе се одразат на и онака ранливиот државен буџет. Економски гледано, колку ги чинеше Британците да ја погребаат својата сакана кралица?
И додека цената на погребот покренува многу прашања за способноста на британската економија да преживее толку големи трошоци, во време кога страда од најлошата инфлација во последните 40 години (надминувајќи 10 отсто во август), многумина забележуваат дека 12-дневната жалост имаше уште попогубно влијание врз Обединетото Кралство и граѓаните.
Како што пренесува странските медиуми, смртта на кралицата ќе ја чини британската економија 6 милијарди фунти, што ги покрива не само трошоците за погреб, туку и крунисувањето на кралот Чарлс Трети, како и трошоците за сите промени што се очекуваат во земјата за време на новата ера на монархијата, вклучувајќи патни документи, монети и многу повеќе.
Исто така, пресметано е дека станува збор за околу 90 фунти по човек, ако се земат предвид 65 милиони жители.