Кинески научници развија маска што предупредува на изложеност на коронавирус или грип, се наведува во студијата водена од шестмина научници од универзитетот Тонги во Шангај, објавена во научното списание Матер.
Сензорот вграден во маската може да ги детектира вирусите Ковид-19, Х5Н1 и Х1Н1 во рок од десет минути и да испрати известување до уредот, кој е надвор од маската и има литиумска батерија. Симулирано е веројатно сценарио каде некој зборува или кашла тогаш сензорите реагираа и испраќаат предупредувања до безжични уреди како што се телефоните.
– Претходните истражувања покажаа дека маските го намалуваат ширењето на вирусот. Затоа сакавме да направиме маска што корисниците ги предупредува на присуство на вирус во воздухот, изјави Јин Фанг од Универзитетот Тонги и еден од авторите на студијата.
Како што тврдат истражувачите, најдобро е уредот да се користи во затворени простории, каде висок е ризикот од зараза. Се работи на тоа да се намали времето за детекција и на чувствителноста на уредот што по потреба, може да се конфигурира за различни вируси.