Иако ситуацијата е подобрена во последниве години, сè уште е можно да се најде софтвер во продавницата за апликации на Google Play што не е безбеден и може да се злоупотреби за следење и хакирање на вашиот уред, како и за обиди за измама.
Ова е преглед на некои од нив.
Фото галеријата со пристојно голема корисничка база беше купена во 2015 година од кинеската компанија Cheetah Mobile и почна да ја користи за пренос на кориснички податоци на сопствените веб-сервери.
Апликацијата беше отстранета од Play Store во 2018 година, но повторно се појави во 2019 година. Денес има стотици верзии, па тешко е да се разликува која е оригиналната. Затоа, најдобро е воопшто да не ја инсталирате.
Некогаш една од најпопуларните апликации за менаџирање со фајлови, сега е полна со bloatware и adware, и постојано се обидува да ве измами да преземате дополнителни апликации.
Беше исфрлена од Play Store во 2019 година поради рекламна измама. Автоматски кликнувала на реклами без знаење на корисникот. Избегнувајте ја во која било форма.
Најпопуларниот веб-прелистувач за телефони во Кина и Индија испраќа барања за пребарување на корисниците до Yahoo India и Google без заштита со енкрипција. Исто така, испраќа IMSI и IMEI броеви, Android ID и MAC Wi-Fi адреси до алатката за аналитика на Alibaba, Umeng, и податоци за геолокација на корисниците до алатката за мапирање на Alibaba AMAP, без енкрипција.
Иако е инсталиран десет милиони пати и има 85 проценти четворки и петки меѓу оценките, овој „чистач“ треба да се избегнува бидејќи она што го прави повеќе му штети отколку добро на вашиот паметен телефон, вели Make Use Of.