
Вредноста на британската фунта денеска падна под симболичната вредност од 1,1 долар и се приближи кон историскиот минимум, последица на загриженоста кај инвеститорите од ситуацијата во јавните финансии и во мигови кога Велика Британија веројатно е навлезена во рецесија.
Британската валута денеска падна за 2,56 проценти во однос на американскиот долар и попладнево се менува за 1,0972 долари, ниво што не е достигнато од 1985 година кога фунтата беше на историскиот минимум од 1,0520 долари.