Машината за перење алишта може да биде голем потрошувач на електрична енергија, а за тоа да не сте свесни. Ако сакате да заштедите, прескокнете ја програмата за предперење. Таа е потребна само ако облеката е исклучително валкана, што ретко се случува.
Сепак, ако облеката е поприлично валкана, намокрете ја во вода ден пред да ја перете, што е подобро отколку да трошите струја за предперење.
Вриење на превисока температура не е потребно. Од 95 степени можете да намалите на 60. Имено, повеќето алергени угинуваат на температури од 60 степени, па вриењето на повисоки температури не е потребно, а заштедата е и до 50%.
Потоа, перете ја облеката само кога имате доволно за да го наполните барабанот. Немојте да вклучувате полупразна машина бидејќи така сте во загуба.
Ако времето е суво, немојте да користите машина за сушење алишта, туку истите обесете ги на тераса. Сушењето алишта на жица штеди струја, но и ја чува облеката бидејќи сушењето во машина ги оштетува и откинува влакненцата на одредени алишта.
извор: kajgana.com