Со идентификацискиот број граѓаните на Отворен Балкан ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од овие три земји, без нострификација на дипломите, чекање работни дозволи и какви било други административни бариери.
„Многу наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на Отворен Балкан (ОБ ИД број), благодарение на што тие ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од овие три земји, без нострификација на дипломите, чекање на работни дозволи и какви било други административни бариери“,
изјави Забрчанец за белградска „Политика“.
Тој додава и дека во завршна фаза се подготовките за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарините во сите три земји.
Забрчанец вели дека е започнат процесот на создавање заедничко инвестициско портфолио како пазар од над 12 милиони граѓани со сиот човечки, економски и природен потенцијал што го поседуваат државите заедно.
Тој посочи дека Отворен Балкан носи конкретни резултати, опипливи придобивки за компаниите и граѓаните, олеснето движење, бизнис, помош меѓу земјите во услови на енергетска криза и криза со храна, како и помош во случај на природни катастрофи, без притоа во исто време да се попречува секоја друга иницијатива.
извор: 360stepeni.mk