Од октомври прилепчани ќе плаќаат повисоки суми за вода, јавен градски превоз и комунални услуги. Ваква одлука беше донесена на 15-та седница на Советот на општина Прилеп.
Од јавните препријатија велат дека се принудени да пристапат кон зголемување на цените на услугите, бидејќи се во незавидна состојба, особено со зголемувањето на цената на електричната енергија, за да можат да функционираат.
Секоја промена на цената е непопуларна мерка, свесни сме, но принудени сме, со оглед на зголемувањето на цената на нафтените деривати, на цената на електричната енергија, цената на резервните делови, алати и машини што се користат во претпријатието – вели директорот на ЈКП „Комуналец“.
извор: novamakedonija.com.mk