Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) го поздравува успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на процесот на сукцесија на некогашна СФРЈ.
„Апелираме до раководството на МНР и до Владата добиените средства во висина од околу 4 милиони американски долари веднаш да се реинвестираат во купување на недвижнини односно дипломатски станови во Њујорк. Имајќи предвид дека законските прописи предвидуваат уплата на овие средства во државниот буџет, сметаме дека постои реална опасност овие средства да се разводнат и потрошат ненаменски“, се наведува во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.
Според МДС, со вакво реинвестирање на средствата, значително ќе се збогати станбениот фонд на Македонија во странство, со што барем делумно ќе се намалат огромните трошоци кои се исплаќаат за кирии на нашите дипломати во странство. Посочуваат дека такви се и искуствата во земјите од поранешна Југославија.
Апартманот на некогашната мисија на СФРЈ во Њујорк се продаде за 50 милиони долари.
извор: kajgana.com