Дали некогаш сте се запрашале што всушност значат иницијалите M&M на популарните бонбони? Овие шарени чоколадни бонбони се омилени бонбони за многумина, но луѓето дури сега почнуваат да се прашуваат што е значењето на иницијалите втиснати на нив. Иако се основани во 1941 година, малкумина се прашуваа што точно значи нивното име.
Првиот иницијал е првата буква од името Mars, а втората го претставува името Murrie.
Mars & Murrie, или Forrest E. Mars Sr. и Брус Мури се основачи на овој бренд. Форест Е. Марс е син на Френк Ц. Марс, основачот на брендот Марс, а идејата да создаде чоколадни бонбони ја добил додека се обидувал да најде решение како чоколадото да не се топи пребрзо. Тој се здружил со синот на директорот на познатиот бренд Hershey Chocolate и заедно создале бонбони M&M.
Интересно е тоа што бонбоните биле дизајнирани со намера војниците да можат да ги носат со себе без страв од топење на чоколадото. По завршувањето на војната, Марс стана целосен сопственик на брендот.
Многумина беа изненадени од фактот што бонбоните се создадени за војниците во Втората светска војна, додека некои на Reddit коментираа дека секогаш мислеле дека иницијалите значат „мммм“, звукот што го испуштаат кога ги јадат.