Високата цена на горивата го покачи јавниот превоз во Велес. Иако половина година велешани се возеа со поскапи билети во градскиот и општинскиот јавен автобуски превоз, дури на последна седница на Советот на општината, се официјализираше новата цена, која е за 40 отсто повисока...
Велешани, но и жителите на селата во Општината, ќе плаќаат повисоки цени за градскиот автобуски јавен превоз. Тие се повисоки за 40 отсто, споредено со претходните. Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Велес. Иако во пракса истата превозниците ја применуваа од средината на месец март. Или велешани со новите цени, кои не беа потврдени од Советот, се возеа половина година.
Амандманите секој пазарен ден, вторник петок недела, на сите девет општински автобуски линии, да има бесплатен превоз за сите граѓани, не минаа. Советниците останаа без одговор на прашањата како е можно до две населени места, Мамутчево и Иванковци, села кои се на 15 до 17 км од Велес, да се плаќа месечен билет од 4.500 и пет илјади денари, исто колку од Велес до Скопје немаше. Немаше претставници од превозниците, кои не го дочекаа крајот на седницата, па оваа дилема остана присутна кај јавност.
Беше покачена цената и на две автобуски линии во градот, иако во пракса тие не постојат, туку се споени во една, која почнува од зградата на стара Малина, кај Стар мост, преку железничка станица до населба Превалец.