Емили Џорџ, поранешна ВИП стјуардеса, ја шокирала јавноста со признанието што сè доживеала и видела во приватните авиони.
Таа присуствувала на многу бизарни ситуации кои не би можеле ниту да ги претпоставите.
Имено, составен дел од работата на ВИП стјуардеса е тоа што некој од патниците може да ја повика на интимна вечера, непримерно допирање, неочекувана посета во хотел, но и многу други незамисливи работи.
„Од вечери вредни милион долари до салати од 700 долари. Парите не се проблем кога можете да си дозволите приватен авион. Гледав теретани во авион, диско соби со шипки за стриптиз и златен престол“, опишала Емили.
Во текот на својата кариера богаташите и познатите личности ѝ упатувале скапи и невозможни работи. Една од таквите на пример била изнајмување лимен оркестар којшто се состои од 200 членови како знак на добредојде на клиент.
Но, нивната фантазија немала крај. Така таа платила сметка од 660 долари само за да земе кавијар. Имале и итно слетување на пола пат за патниците да јадат во „McDonald’s“.
„Имаше и многу луди барања како на пример да им послужам лосос на кој му е свирена класична музика цел живот“, изјавила таа.
Се случувале и запросувања. Некој сопственик на приватен авион побарал неговата посада да носи униформи кои тој ги сака, а доколку не го направат тоа би добиле отказ.
Од друга страна убавиот дел од оваа работа, како што истакнала Емили, е бакшиш од 4.000 долари, подароци кои вклучуваат скапоцени „Rolex“ часовници, „Hermes“ чанти, ВИП карти за разни манифестации.
Кога би спиеле во некој град, сместувањето ѝ било обезбедено во најлуксузните хотели, а се хранела во најелитните ресторани. Неретко се случувало и да добие возач и личен асистент. Исто така имала и буџет за униформи.